Бизнис
18. September 2017 - 19:35

Автопатот Миладиновце-Штип ќе биде готов до октомври наредната година

Интензивно се работи на автопатската делница Штип-Миладиновци. При денешната посета на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски информираше дека поради технички пропусти, Владата донела предлог-Закон со анекс на договорот, крајниот рок за пуштање во употреба на автопатот да биде пролонгиран за една година.

- Очекувам во текот на оваа недела, Собранието да го потврди тој анекс на договор, односно предлог на Закон со кој што до 30.09.2018-та година ќе биде интензивирана оваа градба и ќе биде конечно завршен овој автопат-изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски

Првиот човек на ЈП за државни патишта вели дека секојдневно на автопатот работно се ангажирани 600 лица, а пробивањето на крајниот рок е поради пропусти во проектирањето од типот, отстранување на далноводи, свлечишта и нерешена експропријација на земјиште. Сепак, тоа нема значително да влијае врз вкупниот буџет за изградба на автопатот.

- Значи овде се работи само за продолжување на рокот и што некој не предвидел дека во XXI век треба ЕНО стандарди за еластични огради, па сега и тоа ќе се до прецизира. Но, сето тоа ние ќе го направиме така како што треба во најбрз можен рок-изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта

Законот за продолжување на градежните активности на автопатот Штип-Миладиновци во Собрание ќе се носи во итна постапка, на итна седница.