Македонија
4. August 2015 - 11:34

Автомобил се судри со воз - Маж и жена тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа го вознемири штипскиот регион.
 
Повредени се маж и жена откако поради непознати причини со својот автомобил се судриле со воз на пругата во близина на Кадрифаково.
 
Двајцата имаат тешки повреди, а жената се бори за живот. Таа со скршеници на градниот кош итно е пренесена во Скопје, а постои сомнеж дека кај неа има внатрешно крварење.
 
Нејзиниот сопруг со скршеници на двете нозе е хоспитализиран во штипската болница.
 
Повредениот жител на Ерџелија бил професионален возач.