Македонија
11. January 2016 - 11:23

Автомобил се преврте во скопско Ченто, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако автомобил утринава се превртел во скопската населба Ченто.

Од полицијата за Курир потврдуваат дека случена е сообраќајна несреќа меѓу „Мицубиши“ со скопски ознаки и „Пежо“ со кумановски регистерски таблички.

Од ударот Пежото се превртело, а од автомобилот послесно повредена е сопатничката која била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.