Македонија
24. September 2017 - 11:02

Автомобил излета од пат, едно лице тешко повредено

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 23:20 часот се случила на регионалниот пат Свети Николе – Пробиштип во близина на с.Немањици.
 
Како што информираат од полицијата Н.С.(45) од Штип управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот по што се превртел.
 
- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(34) од Штип кој е задржан во Медицински Центар Штип на понатамошно лекување, информираат од МВР.
 
Полициски екипи извршиле увид на лице место на несреќата.