Македонија
23. November 2017 - 10:23

Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес, возачот со хеликоптер пренесен на Ургентен

Едно лице е повредено откако автомобил излетал од автопатот Скопје-Велес, пренесува Курир.

Од полицијата за Курир ја потврдуваат сообраќајната несреќа, истакнувајќи дека истата се случила денес околу 10 часот во близина на тунелот Бадар, кога автомобил „Сеат Кордоба“ управуван од засега непознато машко лице, излетал од автопатот.

Возачот бил изваден од возилото и со хеликоптер пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Засега нема детали за идентитетот и здравствената состојба на возачот.