Македонија
23. November 2017 - 12:03

Автобус со Македонци се забил во кола во Австрија - едно лице загинато

Едно лице загинало а повеќемина се повредени кога автобус во кој се превезувале 28 патници од Македонија вчера околу 22 часот се судрил со автомобил во близина на Шлибрах, Австрија, јавуваат локалните медиуми.

Според информациите, починато лице е од автомобилот со кој судрил автобусот.

Возачот на автобусот бил повреден и префрлен во болница, додека патниците поминале без посериозни повреди и со нов автобус околу 1 часот утрово биле испратени кон Македонија.