Свет
16. July 2017 - 15:54

Автобус полн деца од Грузија се преврте во Турција

Автобус, во кој патувале 36 деца од Грузија, имаше сообраќајна несреќа во Турција. 

Инцидентот се случил во текот на ноќта во регионот на градот Гиресун. Во несреќата има многу ранети.

Родител на едно од децата, кој бил во автобусот изјави за грузиска телевизија дека патниците во автобусот спиеле додека возилото се превртело.

Тој посочи дека сите патници во автобусот се повредени и се хоспитализирани во болниците во регионот. 

Претставник на грузиската Амбасада во Турција изјави дека се уште не се познати причините за несреќата.