Бизнис
15. November 2017 - 19:43

Австриските компании се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила

И Австријците не можат да најдат добри работници во земјава. Прво германските, сега и австриските инвеститори се жалат дека макеоднското образование не продуцира стручен кадар кој би можел да влезе во процесот на производство веднаш по завршувањето на средното училиште. Задоволни од бизнис климата, ќе се обидат нивниот дуален образовен систем да го применат тука за да си обезбедат работници.

Австрија е најголем инветситор во Македонија, а интерес за нови вложувања и натаму има. Група инвестотори денеска остварија средба со стотина македонски компании за да најдат побрз начин за поголема соработка.

Во Македонија работат педесетина австиски фирми кои имаат вложено околу 570 милиони евра или над 12% од вкупните странски инветсиции во земјава.