Австрија ќе ја укине целосната забрана за пушење во угостителски објекти
Коалициските партнери во новата австриска Влада што треба да биде формирана до 20 декември, Австриската народна партија (ОВП) и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), денеска ги потврдија нивните намери за „укинување на апсолутната забрана за пушење во угостителските објекти“.
Новата верзија на забраната треба да стапи во сила во мај следната година, а со неа посетителите на растораните и кафулињата ќе можат да пушат во делови од објектите, што ќе бидат наменети за таа цел.
За лицата помлади од 18 години се уште ќе важи забраната за пушење на јавни места и ним нема да биде дозволено присуство во деловите каде ќе се пуши.
ОВП и ФПО ќе го усвојат т.н. „Берлински модел“, според кој, во принцип пушењето е забрането со исклучок на специјално одредени и целосно одделени простории, кои се служат само пијалаци и се помали од 75 метри квадратни.
Одлуката наиде на остри критики од страна на лекарите и противниците на пушењето цигари.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак