Свет
27. February 2017 - 17:35

Австрија и Германија за единство на ЕУ против притисоците од САД и Русија

Земјите-членки на Европска унија треба да ги „збијат редовите“ поради притисокот од новата администрација на САД, изјавија во Виена австрискиот канцелар Кристијан Керн и шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел.

- Станавме сведоци на нова поделба на светот. Би било грешка за европските држави да бараат индивидуални одговори за актуелните предизвици наместо одговори на ниво на ЕУ, истакна Габриел по средбата со Керн.

Тој додаде дека претседателот на САД, Доналд Трамп отворено се обидува да ја ослабне ЕУ, а „слични напори прават и источните соседи“ на Унијата.