Австралијанец уапсен поради продажба на делови за севернокорејски ракети
Јужнокореец роден во Сиднеј, денеска е уапсен под обвинение дека работел како економски агент за Севрна Кореја во Австралија, како и дека посредувал во продажба на делови за балистички ракети, во вредност од десетина милиони долари.
Австралиската сојузна полиција соопшти дека натурализираниот Австралијанец, Чан Хан Чои (59) користел шифрирана комуникација при посредувањето во продажбата на компјутерски софтвер за наведување на балистички ракети, како и на трансфер на јаглен од Северна Кореја во Индонезија и во Виетнам.
Тој е обвинет дека работел спротивно на санкциите на Обединети нации и на Австралија кон Северна Кореја. Австралиската полиција соопшти дека владите на Индонезија и на Виетнам или нивни претставници не се вмешани во трансферот на јаглен.
Чан е прв човек што Австралија го обвинува по уредбата за оружје за масовно уништување и може да биде осуден на 10 години затвор.
Австралиската полиција почнала да го следи Чан откако добила дојава.
Ново на Сител
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност