Loading Video...
Тенис
21. January 2018 - 16:22

Австралија опен: Познати две двојки за 1/4-финалето кај дамите

На првиот  Гренд-слем годинава  Австралија опен познати се две двојки за четвртфиналето кај дамите.
 
Четврта носителка Украинката Елина Свитолина и препушти само три гема на Алертова од Чешка со 2:0 по сетови со што се избори за меч против Белгијката, Мертенс која беше подобра од Мартиќ од Хрватска со 2:0.
 
Втората носителка Каролине Возњацки од Данска ќе игра против Карла Суарез Наваро од Шпанија, додека утре ќе бидат комплетирани останатите парови за четвртфиналето.