Loading Video...
Тенис
21. January 2018 - 16:25

Австралија опен: Надал – Чилиќ и Едмунд - Димитров во четвртфиналето

Светски тенисер број 1 Рафаел Надал по голема борба се пласира  во четвртфиналето на Австралија опен откако по четири часовен меч го победи Диего Шварцман од Аргентина. 
 
Противник на Надал во четвртфиналето ќе биде Марин Чилиќ кој со 3-1 го совлада Пабло Карено Буста. 
 
Вториот четвртфинален пар го сочинуваат Британецот Кајл Едмунд и Бугаринот, Григор Димитров кој во мечевите од 4.коло со 3-1 во сетови ги победија Андреа Сепи и Ник Киргиос.