Тенис
22. January 2018 - 13:12

Австралија опен: Ѓоковиќ го заврши својот настап, Федерер без проблеми во 1/4-финалето

Натпреварите на Австралија опен завршија за Новак Ѓокови. 
 
Некогашниот светски рекет број 1, и шесткатниот освојувач на турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ, е елиминиран во осминафиналето од 21-годишниот Хион Чунг од Јужна Кореја и тоа во три сета кој првиот и третиот сет ги доби во тај-брејкот, а вториот го доби со 7-5 во гемови. 
 
Во четвртфиналето Чунг ќе огра против Тенис Сандгрен, кој исто така направи сензација со елиминацијата на фаворит, Доминик Тием со 3-2 во сетови.
 
Затоа пак, најтрофејниот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, ков воедно е и бранител на трофејот од лани, со максимално 3-0 го победи Унгарецот, Мартон Фусович, 
 
Федерер во четвртфиналето ќе се соочи со Чехот, Томаш Бердих кој исто така со убедливи 3-0 славеше над искусниот Фоњини од Италија.