Австралија: Кенгур скокнал врз жена, настрадаа силиконите!
Двете пријателки, Шерон Хајнрих (45) и Хелен Салтер (47) возеле велосипеди во јужна Австралија, кога виделе кенгур пред нив. – Изгледаше мирен, не изгледаше лут – се сеќава Шерон…
Но откако со велосипедите поминале покрај него тој одеднаш скокнал и ги турнал од велосипедите на земја.
Хелен поминала со состојба на шок, а Шерон била прилично повредена – таа има три скршени ребра и оштетени силикони при падот кои ќе мора да ги замени.
– Имплантите во аградите ми послужија како „воздушни перничиња“ но настрадаа при падот – сега ќе морам да ги сменам – вели ведрата Шерон.
Шерон и Хелен работат во предел каде често гледаат кенгури. Велат дека никогаш не би помислиле дека кенгурот може да ги нападне од зад грб, одеднаш, но среќни се што не се уште повеќе повредени.
За се да се заборави побргу, тие ситуацијата ја свртеа на шега.
Сопругот на Шерон, на пример, во болница и подари голем кадифен кенгур – боксер, за спомен!
– Сега тоа е се што можеме да направиме – да се насмееме на се и да оздравиме побрзо- вели Шерон.
Ново на Сител
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата