Живот
26. July 2017 - 9:30

Австралиец сними појава на „црвени молњи“

Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок феномен.

- Ја  наместив камерата и буквално за неколку минути небото го опсипаа црвени молњи. Не можев да поверувам. Мислев, ќе имам среќа ако снимам барем една, а тие само паѓаа, раскажува Финли.

„Црвените молњи“ претставуваат атмосферско електрично празнење кое за разлика од обичната молња, се појавува високо над темните облаци.