Бизнис
19. February 2017 - 16:48

АВРМ очекува 10.000 нови вработувања преку оперативниот план на владата

Компанијата Агропал од Брвеница е уште еден успешен пример за искористени мерки од Оперативниот план на Владата. Субвенционирани вработувања, обука кај познат работодавач се само некои од поволностите со кои успеале да го зголемат бројот на вработени за 20 лица. Од фирмата велат дека  планираат и во иднина со помош на мерките да отворат нови работни места.

Надлежните посочуваат дека и годинава ќе продолжи поддршката на фирмите. Може да се пријават сите кои сакаат да го зголемат бројот на вработени, како и оние кои се насочени кон раст и развој на компаниите.

Со годинешниот Оперативен план ќе бидат опфатени околу 40 000 лица. Очекувањата се дека ќе се вработат најмалку 10 000 невработени.

Ќе има 22 мерки. Од утре треба да биде објавен првиот оглас.