Авиомеханичарот од кобниот лет: Немаше време за ништо, најавија дека слетуваме а паѓавме
Ервин Тумури е еден од шесте преживеани во фаталниот лет во кој загина речиси цел тим на Чапекоенсе, и истовремено човекот кој мина со најлесни повреди од големата несреќа која го зави во црно цел фудбалски свет.
Авионскиот техничар од Боливија е комплетно свесен по незаборавната трагедија и веќе неколку пати даде кратки изјави за слученото, но сега во последната изјава за „Блу радио“ говори доста подетално за последните минути пред уривањето на авионот.
Тумури во своето обраќање за локалното радио во Меделин открива што се случувало пред кобниот пад, образложувајќи дека сите мислеле дека станува збор за слетување на писта, онака како што најавил претходно пилотот од кабината.
– Никој не знаеше што се случува. Сите мислевме дека тоа беше слетување бидејќи пилотот и неговиот екипаж ни најавија такво нешто. Го почувствувавме падот во висината, но цело време мислевме дека се работи за слетување. Сите го очекувавме тоа. Сѐ беше многу брзо, во еден момент почна да вибрира авионот, се изгасија светлата и излегоа маските за кислород. Тогаш почнаа лошите вибрации во авионот, никој не знаеше дека има некаков проблем – изјавил Тумури, во овој момент демантирајќи ги медиумите кои пренесоа негова изјава дека го следел протоколот за фетална положба за да си го спаси животот.
– Немаше време за ништо. Не бев во потрага по куфер, а немаше ниту станати луѓе од своите места кои викаа. Верувајте ми, немаше време за ништо – се потсетува Тумури на страшните моменти кои и покрај тоа што ќе ги памети до крајот на животот, вели дека брзо ги надминал.
– Сакам да продолжам со оваа професија, сакам да станам пилот. Веќе се качив во авион по несреќата. На почетокот ме фати голем страв, но потоа сѐ беше нормално – додал Боливиецот.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп