Бизнис
6. February 2017 - 19:41

Авиолинија Скопје - Доха од јули, се преговара за летови кон Минхен и Дизелдорф

Од 17 јули Катар Ервејс воспоставува лет помеѓу Скопје и Доха. Авиокомпанијата официјално им соопштила на македонските власти дека започнува со процедурата за добивање на потребните дозволи и датумот за првиот лет.

- Се работи за една глоблана авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток. Со ова се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии. Во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок, рече Мисајловски на денешната прес-конференција, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Денес, концесионерот ТАВ соопшти дека преговара со германската нискобуџетна компанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воспоставување летови од Скопје до Минхен и до Дизелдорф.

Минатата година беше најуспешната за двата македонски аеродроми со рекордни 1,8 милиони патници.

Македонија денес има повеќе директни авиолинии од било кога. Се лета до над 30 дестинации од кои до 25 со нискобуџетни летови.