Свет
19. November 2017 - 11:01

Авганистанските сили спасиле 30 луѓе од талибански затвор

Најмалку 30 луѓе се спасени во рација што ја спровеле авганистанските сили заедно со специјални странски сили во талибанскиот затвор во јужната авганистанска провинција Хелманд, соопштија денеска армијата и локалните власти.

Меѓу спасените има и четири деца до 12 години и двајца полицајци, соопштија властите.

Талибанците уапсија 20 лица за помагање на Владата или затоа што биле членови на семејства на авганистански војници и полицајци, јавија светските медиуми.

Од друга страна, талибанците соопштија дека луѓето кои биле спасени биле криминалци осудјени за грабежи, киднапирања и други кривични дела кои чекале судења.