Свет
28. February 2017 - 11:04

Авганистански полицаец застрелал 11 негови колеги

Авганистански полицаец застрела најмалку 11 свои колеги на контролен пункт во јужната авганистанска провинција Хелманд. 

Нападот бил извршен синоќа во главниот град на провинцијата Лашкар Гах. 

Откако ги убил колегите, напаѓачот го собрал оружјето и муницијата и избегал од местот на настанот со полициски автомобил. 

Се претпоставува дека тој се приклучил кон талибанците. 

Истрагата за случајот е во тек. 

Засега талибанците не дале изјава во врска со нападот.