Македонија
17. August 2017 - 9:55

Ауди се преврте во прилепско: Жена го загуби животот, возачот тешко повреден

Жена го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 11 часот се случила на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод кај селото, Мажучиште.

Од полицијата информираат дека возило „Ауди А6“ управувано од 35 годишниот А.З. од село Десово, излетало од патот и се превртело.

На лице место загинала сопатничката Е.Р. (56) од истото село, а возачот со тешки повреди бил пренесен во прилепската болница.

На местото на несреќата полицијата извршила увид во присуство на Јавен обвинител.