Атракција на Берлинале: Ауди без возач на црвениот тепих
Блицот на фоторепортерите го означи почетокот на престижниот филмски фестивал Берлинале во Берлин. Audi забележа уште еден значаен момент на патот кон создавање нови возила кои сами се управуваат. На свеченото отворање на меѓународниот филмски фестивал во Берлин, беспилотниот автомобил Audi A8 L W12 пристигна на црвениот тепих, со него допатува филмска ѕвезда Даниел Брил.
Лимузината без возач ги пречека познатиот актер и неговата девојка пред нивниот хотел во Берлин и ги превезе до Берлинале Palast. Технологијата со врвна сообраќајна платформа употребува истакнати архитектонски објекти по должина на маршрутата како ориентација и ги споредува информациите од претходно утврдената прецизна мапа. Audi A8 L W12 ги синхронизира овие информации со пресметката и податоците добиени од сопствените движења. Оваа споредба му овозможи на VIP возило да ги помине зададените сообраќајни рути без возач.
"Ние вложуваме во развојот и постојано ги тестираме новите технологии за беспилотно возило во сите услови на патот", изјави д-р инг. Стефан Книрш, член на управниот одбор за технички развој и додаде: "Ние веќе докажавме дека можеме да создадеме беспилотно возило кое ќе вози на тркачка патека и на автопат. За потребите на филмскиот фестивал „Берлинале“,многу лесно и со максимална прецизност поминавме низ сложениот градски сообраќај. "Блицот на фоторепортерите го означи почетокот на престижниот филмски фестивал Берлинале во Берлин. Audi забележа уште еден значаен момент на патот кон создавање нови возила кои сами се управуваат. На свеченото отворање на меѓународниот филмски фестивал во Берлин, беспилотниот автомобил Audi A8 L W12 пристигна на црвениот тепих, со него допатува филмска ѕвезда Даниел Брил.
Лимузината без возач ги пречека познатиот актер и неговата девојка пред нивниот хотел во Берлин и ги превезе до Берлинале Palast. Технологијата со врвна сообраќајна платформа употребува истакнати архитектонски објекти по должина на маршрутата како ориентација и ги споредува информациите од претходно утврдената прецизна мапа. Audi A8 L W12 ги синхронизира овие информации со пресметката и податоците добиени од сопствените движења. Оваа споредба му овозможи на VIP возило да ги помине зададените сообраќајни рути без возач.
"Ние вложуваме во развојот и постојано ги тестираме новите технологии за беспилотно возило во сите услови на патот", изјави д-р инг. Стефан Книрш, член на управниот одбор за технички развој и додаде: "Ние веќе докажавме дека можеме да создадеме беспилотно возило кое ќе вози на тркачка патека и на автопат. За потребите на филмскиот фестивал „Берлинале“,многу лесно и со максимална прецизност поминавме низ сложениот градски сообраќај. "
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка