Кошарка
10. November 2015 - 7:57

ATП: Пробив на Надал, Ноле недостижен

Рафаел Надал се врати во Топ 5 играчите на најновата листа на тениските професионалци (АТП). Шпанецот на петтото место го ‘прескокна’ Томаш Бердих.
 
Инаку суверен владател со АТП листата е Новак Ѓоковиќ, кој во неделата ја одбрани титулата на Мастерсот во Париз. Српскиот тенисер во финалето го победи Енди Мари (6:2, 6:4).
 
Пласманот во финалето на Мари му ја донесе втората позиција на АТП листата, трет е Роџер Федерер, а зад него е неговиот сонародник Стан Вавринка.
 
Зад петтопласираниот Надал се Бердих, Давид Ферер, кој ја смени позицијата со Кеи Нишикори и Французите Ришар Гаске и Жо-Вилфред Цонга.
 
АТП листа:
 
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 15.285
 
2. Енди Мари (Велика Британија) 8.470
 
3. Роџер Федерер (Швајцарија) 7.340
 
4. Стан Вавринка (Швајцарија) 6.500
 
5. Рафаел Надал (Шпанија) 4.630
 
6. Томаш Бердих (Чешка) 4.620
 
7. Давид Ферер (Шпанија) 4.305
 
8. Кеи Нишикори (Јапонија) 3.035
 
9. Ришар Гаске (Франција) 2.850
 
10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 2.635.