Тенис
6. March 2017 - 12:39

АТП: Мареј ја зголемува предноста на врвот

Според најновата рејтинг листа на најновите тенисери Енди Мареј ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ на 2215 бода. 

Британецот триумфираше на турнирот во Дубаи каде освои 500 бодови додека Ѓоковиќ загуби во 3. коло во Мексико и освои само 90 бодови. 

Сега Мареј има 12.040 бодови додека српскиот тенисер на 2. место има 9825.  Трет е Вавринка, потоа Раониќ, Нишикори , Рафаел Надал итн.