Loading Video...
Фудбал
10. January 2018 - 15:50

Атлетико Мадрид и Валенсија во 1/4-финалето на Копа дел Реј

Екипите на Атлетико Мадрид и Валенсија без проблеми ја минаа осминафиналната рунда во фудбалскиот Куп на Шпанија. 
 
Во реванш дуелите од оваа фаза на Копа дел Реј, одиграни синоќа Атлетико со 3-0 ја победи Леида, која во првиот меч на гости ја порази со 4-0. 
 
Валенсија која на гостувањето кај Лас Палмас одигра 1-1 во првиот натпревар, синоќа на „Местаља“ забележа убедлива победа со 4-0. 
 
Вечерва ќе бидат познати уште три патници во четвртфиналето, откако своите реванш осминафинани дуели ќе ги одиграат: Алавез – Форментера (3-1 прв меч), Виљареал – Леганес (0-1) и Реал Мадрид – Нумансија (3-0). 
 
Последните патници меѓи меѓу четвртфиналистите ќе бидат познати утревечер по дуелите: Севиља – Кадиз (2-0), Леванте – Еспањол (2-1) и Барселона – Селта Виго (1-1).