Атина демантира дека Грција е транзитна зона за џихадистите
Тврдењата дека преку Грција продолжуваат да преминуваат џихадисти се невистинити и и штетат на земјата, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас.
Ваквата негова изјава претставува реакциа на тврдењата на претставници на Грчката федерација на граничната полиција за бегалското прашање, посебно дека Владата на Идомени дозволила да се создаде ситуација која не може да управува. Грчката гранична полиција тврди дека Грција продолжува да биде транзитна зона за џихадистите.
Од полицијата соопштија дека ќе се спроведе истрага за изјавата, а собраните докази ќе бидат предадени на Обвинителството.
Во исто време весникот „Прото тема“ објави дека состојбата во импровизираните бегалски кампови во Грција е надвор од контрола и оти растат тензиите меѓу мигрантите.
Според официјални податоци во Грција се блокирани 54.000 мигранти, а бранот од Турција е намален. Вчера на грчките острови пристигнале 150 лица. Во реонот на границата со Македонија има 10.000 мигранти, а во кампот во Пиреја - 3.000.
Сериозна е ситуацијата во стариот аеродром Елинико во Атина, каде во лоши услови живеат 4.000 мигранти. Градоначалниците од општините околу аеродромот испратија писмо до премиерот, во кое наведуваат дека има опасност по јавното здравје и безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација