Македонија
23. September 2016 - 16:33

Атанасов: Директорите во училиштата да не го слушаат СОНК туку да работат според законот

Деновиве СОНК испраќа дописи до директорите на училиштата во кој бара на класните раководители кои не се членови на СОНК да не им се исплаќа додатокот на плата. Имено, согласно законите за основно и средно образование само директорот има надлежност и право да распоредува класни раководства на наставниците вработени во средните и основните училишта,и тоа право СОНК не може да му го одземе. Согласно Законот за работни односи член 108, став 1 и 2, директорот не смее различно да ги исплаќа наставниците кои имаат класно раководство. Работодавачот е должен за еднаква работа, со еднакви барања на работното место, да исплаќа еднаква плата. Наместо СОНК да се занимава со НАМАЛУВАЊЕ НА СТЕКНАТИТЕ ПРАВА на вработените, треба да престане со полтронството кон власта и преку вакви дописи да врши притисок на директорите и вработените во училиштата кои масовно го напуштаат СОНК. Директорите имаат законско право да делат класни раководства и доколку класниот час е над 20 задолжителни часови, тогаш класното раководоство мора да се исплаќа, без оглед на тоа дали некој е член на СОНК или НЕ.
Им укажуваме на директорите да не постапуваат по ваквите дописи и да не го слушаат СОНК, кој одамна не е во заштита на правата на вработените во образованието. На секој што ќе му се случи ова, СДСМ на располагање го става својот правен тим за да ги ЗАШТИТИМЕ правата на секој вработен во образованието, изјави Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.