Живот
1. November 2015 - 11:01

Астероид во форма на череп помина покрај Земјата за време на Хеловин

Астероид во форма на череп помина вчера на околу 500 илјади километри од Земјата, соопшти американската вселенска агенција НАСА. 

Небесното тело помина покрај Земјата вчера во 18:01 часот на оддалеченост, која е поголема од тоа меѓу планетата и Месечината. Астероидот не претставуваше закана за Земјата. 

Астероидот со дијаметар од 600 метри веројатно е мртва комета. Научниците говореа за „огромна тиква“, која ќе помине покрај Земјата за време на Хеловин, но со приближувањето на небесното тело тоа се повеќе наликуваше на човечки череп.