Спорт плус
6. March 2017 - 19:47

Асовите бираат асови 2016

На традиционалната манифестација Асовите браат асови во студиото на СИТЕЛ беа прогласени најуспешните во повеќе категории за резултатите постигнати во 2016 година.

За најуспешен спортит на Македонија е избран ракометарот на Вардар Стојанче Стоилов, а неговиот тренер Раул Гонзалез е добитник на наградата во конкуренцијата тренери.

Признанието Суперспортист уште еднаш заврши кај капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров.

Женската екипа на Вардар е најуспешна, кај екипите, а машкиот состав на шаховскиот купб Алкалиод е добитник на наградата кај мажите. Најуспешна репрезентација е фудбалската селекција до 21 година која избори пласман на ЕП во Полска, а сосема разбирливо Благоја Милевски е добитник на наградата за најдобар селектор. За најдобар млад спортист во 2016 година е проглесен Филип Талески.

Покрај изборот на СИТЕЛ Телевизија беа доделени и други награди и плакети.  Наумче Мојсовски доби награда за Ас на деценијата, а Индира Кастратовиќ за спортски ас на Македонија. МОК на Шабан Трстена му додели награда за посебен придонес и развој во спортот.

Факултетот за спорт додели плакети на Јошко Миленковски за ширење на спортската научна мисла, а плакета од Факулетот доби и колегата Игор Трпески. За донаторство во спортот плакети од Агенцијата за Млади и спорт добија Силјан Мицевски и Драги Митковски. Снимка од манифестацијата можете да погледнете вечерва на СИТЕЛ 3 од 20:30 часот.