Loading Video...
Фудбал
11. March 2018 - 17:45

Арсенал победи и во Премиер лигата

Фудбалерите на Арсенал ја прекинаа серијата од три порази во Премиер лигата откако попладнево убедливо со 3-0 го совладаат тимот на Вотфорд со што фатија добар ритам откако го победија Милан во Лига Европа. 

Клучна фигура во домашниот тим беше Ерменецот Мхитарјан кој оствари асистенција а потоа се запиша во листата на стрелците. 
Серијата ја отвори Мустафи во 8. минута. На 2-0 зголеми Обамејанг конечните 3-0 ги постави Мхитарјан што е 14-та победа оваа сезона за топџиите во првенството.