Свет
13. November 2017 - 9:01

ОН: Армијата на Мјанмар врши сексуално насилство врз Рохинџите

Специјалната претставничка на Обединетите нации за спречување на сексуалното насилство Прамила Патен изјави дека армијата на Мјанмар врши систематски силувања врз жените од народот Рохинџи.

- Слушнав страшни приказни за масовни силувања, за многу жен и девојчиња кои починале како последица на силувањата. Сексуалното насилство е организирано и се врши по наредба, како дел од кампањата за принудно иселување на Рохинџите, изјави Патен.

Од почетокот на август, армијата на таа главно будистичка земја во југоисточна Азија ги напаѓа селата на главно муслиманските Рохинџи, како одговор на герилски напад што група Рохинџи го изврши врз армиските позиции.

Околу половина милион Рохинџи се протерани од Мјанмар во Бангладеш од август досега.