Македонија
24. March 2017 - 9:06

АРМ ќе го одбележи преземањето на најголемиот воен објект од ЈНА

Армијата на Република Македонија (АРМ) во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето денеска ќе одржи воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА.

На воената свеченост, како што е најавено од АРМ, пред ешалоните на единиците на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“ ќе се обрати командантот на полкот за специјални операции и сегашен командант на касарната, бригаден генерал Орце Јордев.

На свеченоста ќе присуствуваат и старешини кои учествувале и се сведоци на овој значаен за АРМ историски настан,  кој се случи на 26.03.1992 година.