Македонија
20. July 2017 - 16:26

Арената и градот подготвени за Супер купот

Преку промотивно видео Градот Скопје ќе ги информира туристите и фудбалските фанови кои на 8 август доаѓаат во македонската престолнина за мечот меѓу Манчестер и Реал. Скопскиот градоначалник денеска на прес конференција информираше дека Скопје е комплетно подготвено за најголемиот спортски настан во македонската историја

И од македонската фудбалска федерација велат дека се подготвени за спектаклот. Од таму додаваат дека со своите активности почнуваат уште на 1 август

Во наредните денови почнува  и комплетно ребрендирање на главниот град, а набрзо и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер купот. Град Скопје ќе постави и неутрална фан зона на плоштадот Македонија каде што последните два дена присутните ќе ги завабуваат познати уметници во периодот од 11 до 19 часот.
Од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека и скопската Арена е комплетно подготвена за најавениот спектакл.

Она што посебно ги израдува скопјани е денешната одлука на УЕФА да му дозволи на Вардар својот меч од кавлификациите за Лигата на шампионите да го игра на својот стадион во Скопје идниот вторник на само две недели пред мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.