Македонија
6. February 2016 - 16:52

Арамиите пустошат по винските визби на кавадаречките домаќинства

Арамии ја крадат ракијата на тиквешките лозари. Во изминатиот период е зголемен бројот на кражби во домовите на кавадарчани. Мета на крадците се подрумските простории. Украдената ракија најчесто се продава на пазарите  по многу ниска цена.

Освен во тиквешкиот регион, ракија се краде и во велешко. Неодмана од викендица беа одземени 350 литри. Од полицијата велат дека чести се пријавите за кражба на алкохол.

Кражбите на ракија во кавадаречко ги потврдуваат и од здружението на лозари „Агротиквешија“. Велат дека во последните две години арамиите одзеле стотици литри алкохолни пијалоци.