Свет
19. October 2015 - 19:12

Аракчи: Примена на иранскиот нуклеарен договор до крајот на годината

Главниот ирански преговарач Абас Аракчи денеска изјави дека очекува историскиот договор со шесте светски сили за ограничување на иранската нуклеарна програма, да почне да се применува до крајот на годината.

- Се надевам дека до крајот на годината дека ќе почне реализацијата, посочи Аракчи по состанокот со високите претставници на САД, на Русија, на Кина, на Велика Британија и на Франција во Виена.