Македонија
30. April 2017 - 12:58

Апсење на Аеродромот во Скопје - Еве што се случило

 
Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 30 минути на Граничниот Премин „Аеродром Александар Велики“-Скопје, на влез во Македонија, од страна на полицијата бил приведен 35-годишниот Б.С. од Кавадарци.
 
Полицијата денеска ја информира јавноста дека кавадарчанецот бил приведен бидејќи евидира во стоп листата со мерка „A“ (Апси).
 
Во 15 часот и 30 минути истиот бил предаден на Полицијата Гази Баба за понатамошна постапка.