Македонија
20. January 2018 - 12:36

Апсење кај Арачиново:При рутинска контрола пронајдени мигранти

Вчера во 16 часот и 30 минути на обиколница Скопје, кај клучката за село Арачиново, од страна на полициски службеници при рутинска контрола, биле уапсени неколку лица.

- Било сопрено патничко моторно возило пик-ап “Мазда“ со велешки регистерски таблици управувано од 27- годишниот  Б.И од село Рашче-скопско во кое имало девет лица - мигранти од Пакистан, без документи- се вели во соопштението.

Лицата и возачот биле приведени во ПС-Гази Баба, за понатамошна постапка.