Балкан
21. December 2016 - 16:27

Апсења во Турција, потера по напаѓачот во Берлин

Германската полицијата  ја продолжува потрагата по напаѓачот  кој  пред два дена  со камион влета во божиќен пазар  во Берлин и при тоа уби 12 луѓе и повреди 49. 

Новата   трага води  кон  24 годишниот  туниски  граѓанин Анис А, кого  полициските власти го сметаат  за  многу опасен  објавуваат германските медиуми.  Осомничениот бил познат под различни имиња и различни датуми на раѓање.

Имал поднесено барање за азил  а постапката била во тек.  ПРетходно   полицијата уапси двајца оосмничени за нападот но поради недостиг на докази  тие се ослободени. Голем број  германци  и синоќа се собраа на местото на злосторството од каде испратија пораки за единство против  тероризмот.

- Мислам дека треба да испратиме порака, ние мора да покажеме дека сме заедно и да се однесуваме нормално.

- Ние не треба да се криеме,  треба да продолжиме да го правиме она што нормално го правиме .

И во Турција  продолжува истрагата за убиството на рускиот амбасадор.  Виновниците  заеднички ги бараат руски и турски тимови.  

Во врска со случајот 13 лица се уапсени.Според најновите информации од полициските служби  младиот атентарот  осум пати го обезбедувал  претседателот Ердоган по неуспешниот јулски обид за државен удар, а во хотелската соба во која престојувал пред да го изврши убиството се пронајдени книги и пропаганден материјал за Ал Каеда како и за  мрежата поврзана со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Утрово одговорноста за убиството на рускиот амбасадор Андреј КАрлов  во Турција ја презедео радикалните исламсити  од сириското движење Џеиш ал Фарах, порано познато под името  Ел  Нусра Фронт.  

Амбасадорот на Русија беше застрелан на 19 декември, за време на отворање на изложба на фотографии во галерија во Анкара. Напаѓачот е ликвидиран од страна на силите за безбедност.