Македонија
25. July 2017 - 16:35

Апелација ги одби жалбите - Врховен утре одлучува за притворите

Врховниот суд утре ќе одлучува дали тројцата поранешни високи функционери во УБК Грујовски, Јакимовски и Бошковски ќе одат во притвор. Од судот велат дека рокот од 48 часа за донесување одлука ќе биде запазен.

Одлуката за одредување 30 дневен притвор ја донесе Апелациониот суд одлучувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство на првичната одлука на кривичниот суд на тројцата обвинети да им ги одземе пасошите како мерка на претпазливост.

По жалбите во највисокиот суд ќе одлучува совет од петмина врховни судии.

Од ВМРО – ДПМНЕ и денеска обвинија дека специјалното обвинителство постапува селективно и ги повикаа судиите да не донесуваат одлуки по линија на помал отпор.

Апелациониот суд денеска донесе одлука со која ги одби жалбите и на СЈО и на поранешната министерка за култура канчевска Милевска и го потврди решението на првостепениот суд за одземање на патната исправа.