АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да помогнеме на 13-годишниот Давид да избегне ампутација на ногата!
Битката за враќање во нормален живот за младиот кратовец Давид Стојановски (13) продолжува. Момчето кое боледува од остеобластична саркома (малигна неоплазма во коленото), по кратко подобрување на состојбата, повторно има влошена здравствена состојба. Неговиот родител Игор добил предлог од лекарскиот тим на скопските клиники да му биде ампутирана едната нога и со тоа да се реши проблемот со малигнитетот. Во меѓувреме таткото бил во посета на реномирана австриска клиника, каде му гарантирале дека проблемот ќе го решат без ампутација на ногата на Давид. Проблемот е што семејството на Давид ги нема потребните 50.000 евра, колку што бараат Австријците за операција на Давид. Во меѓувреме, Игор поднел документи за покривање на трошоците за лекување од страна на Фондот за здравство, но постапката е во тек и сеуште не се знае дали средствата ќе бидат одобрени.
Ново на Сител
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра