Апел до банките да донираат хуманитарна помош за поплавените подрачја
Претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Коста Митроски од УНИ Банка ги повикува банките да се вклучат во донирањето хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во Скопје, во вода храна, хигенски средства...
Како што информираат од УНИ Банка, утре ќе донираат 24.000 литри вода за пиење во загозените подрачја и во кординација со кризниот штаб ќе ја распредели водата според нивниот план.
Во име на вработените од УНИБанка како главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, Митроски изразува сочуство до семјствата на жртвите во поплавите.
Сочуство упатува и од името на сите банки во својство на претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители