Тенис
23. January 2016 - 17:54

AO:Вавринка и Мари во 4. коло

Вториот и четвртиот носител на Австралија Опен, Енди Мари и Стан Вавринка изборија пласман во осминафиналето. Сигурни во третото коло беа и останатите носители Ферер, Монфилс, Изнер и Раониќ.
 
Енди Мари го загуби првиот сет на годинешното издание на Грен слемот во Мелбурн, но успеа да се пласира во осминафиналето. Шкотланѓанецот го совлада Жоао Соуса од Португалија со 3:1. 
 
Максимално во три сета осминафинале избори Вавринка во дуелот со Лукаш Росол. Швајцарецот во наредната рунда го чека Милош Раониќ, кој исто така во три сета славеше над Виктор Троицки. 
 
Три сета за пласман во осминафиналето одиграа Давид Ферер против Стив Џонсон, односно Гаел Монфилс против Стефан Робер.
 
Во четири сета третото коло го минаа Џон Изнер во дуелот со Фелисијано Лопез и Андреј Кузњецов во дуелот со Дуди Села.