Тенис
22. January 2017 - 10:13

АО: Нова сензација, Зверев го елиминира Мареј!

Германскиот тенисер Миша Зверев ја приреди новата сензација на првиот Грен слем во Мелбурн откако во битката за 1/4 финалето го елиминира најдобриот светски рекет Енди Мареј во меч кој го доби со 3-1 во сетови.

Зверев кој е 50-ти во светот имаше 8 искористени брејк топки од вкупно 17 и во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот Нишикори-Федерер.
Неговиот брат Александар во 5 сета беше елиминиран од Рафаел Надал.