Тенис
24. January 2017 - 15:05

АО: Многу искри на мечот Вавринка-Цонга

Стан Вавринка го победи Жо-Вилфред Цонга со 3:0 избори пласман во полуфиналето на Аустралијан Опен, но во паузата помеѓу првиот и вториот сет направи нешто што е ретка слика на тениските терени, влегувајќи во вербална расправија со противникот.
 
Вавринка во првото коло ги шокира гледачите кога непотребно го погоди меѓу нозтете Мартин Клижан, а во четвртфиналето беше актер на уште еден инцидент.
 
Откако го доби првиот сет во тај брејк, Швајцарецот започна расправија со Цонга, во моментот додека тенисерите беа на пауза помеѓу првиот и вториот сет.
 
„Мене ме гледаш!? Зошто гледаш само во мене!? Дај малку олабави се, ова е само тениски меч“, вака зборува Вавринка додека противникот воопшто не реагира.
 
Цонга во вториот сет, случајно или со намера, со сервис го погоди Вавринка, а Швајцарецот потоа му се пожали на судијата дека Цонга не покажал дека сервира со нови топчиња.
 
Вавринка му врати на Цонга во истиот сет, при резултат 4:4, кога речиси целиот терен му беше празен, тој еден силен форхенд насочи директно кон Цонга.
 
Швајцарецот на крајот победи 7:6, 6:4, 6:3 и за пласман во финалето ќе игра против сонародникот Роџер Федерер.
https://