Loading Video...
Тенис
20. January 2018 - 16:27

АО: Халеп се намачи со Дејвис, а Кербер ја елиминира Шарапова

 
 
Првата фаворитка на Австралија опен, Романката, Симона Халеп се изнамачи да ја мине Американката, Лорен Дејвис и да обезбеди пласман во следната рунда. 
 
Во меч кој траеше речиси четири часа Ралеп со 2-1 ја совлада Дејвис. 
 
Американката го доби првиот сет со 6-4, а Романката во вториот возврати во иста мера 6-4.  Во решавачкиот трет сет, пропушти три меч топки, а откако и беше укажана медицинска помош, не успеа да го продолжи притисокот врз фаворитката, па Халеп го доби сетот со 15-13 во гемови. Халеп во осминафиналето ќе игра против Јапонката, Осака
 
Во еден од поатрактивните мечеви Германката, Кербер која е 21.носителка во два сета ја доби некогашната шампионка Марија Шарапова со 6-1 и 6-3.