Тенис
22. January 2017 - 15:31

АО: Федерер го елиминира и Нишикори

Легендата на светскиот тенис Роже  Федерер избори пласман во четвртфиналето на Аустралијан Опен, откако во пет сета 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3 го победи петтиот носител Кеи Нишикори.

Со тоа Швајцарецот  стана најстариот тенисер кој изборил четвртфинале на првиот грен слем во сезоната со победата над Нишикори. Освојувачот на 17 грен слем титули, 13-ти пат во последните 14 сезони се пласира меѓу најдобрите осум на Аустралијан Опен.

Со исклучок на првиот сет, кога Нишикори поведе со 1:5, Федерер одигра брилијантно, на моменти потсетувајќи на најславните денови од својата кариера.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде Миша Зверев, кој претходно направи вистинска сензација со победата во четири сета над првиот светски рекет Енди Мари.