Тенис
22. January 2016 - 10:10

AO: 300 грен слем победи за Федерер

Роџер Федерер испиша нова страница во историјата на тенисот, откако во петокот ја забележа својата 300-та победа на Грен слем турнирите. Швајцарецот, во третото коло на Австралија Опен, го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:1 (6:4, 3:6, 6:1, 6:4).
 
Федерер, против Димитров, загуби еден сет, со сепак со рутинска игра за 156 минути избори пласман во четвртото коло на Грен слемот во Мелбурн.
 
Третиот светски рекет на Род лејвер арена ја забележа петтата победа, во исто толку дуели против Димитров.
 
Федерер е единствениот играч кој на четирите најголеми турнири стигнал до 300 победи. Далеку зад Швајцарецот се Џими Конорс со 233 победи, односно Андре Агаси (224) и Иван Лендл (222).
 
Најголема закана за рекордот на Федерер претставува најдобриот на светот во овој момент, Новак Ѓоковиќ, кој во кариерата на Грен слем турнирите има забележано 209 победи.