Фудбал
13. February 2016 - 12:18

Анжи со автогол во 91-минута загуби од Рен

 
 
 Во воведниот натпревар од 26.коло на фудбалското првенство на Франција екипата на Рен минимално со 1:0 го победи тимот на Анжи.
 
Клучниот момент на натпреварот се случи во првата минута од судиското надополнение (90+1 минута) кога гостинскиот фудбалер Боука Муту си постинга автогол.
 
Денешната програма во Лига 1 ќе ја отворат лидерот и актуелен шампион Париз Сен Жермен кој од 17 часот го игра дуелот со Лил, додека во терминот од 20 часот ќе стартуваат натпреварите: Ајачо – Tроа, Гингамп – Бордо, Монпеље – Тулуз, Нант – Лориен и Ремс – Бастија.
 
Останатите три натпревари од ова коло ќе се играат утре, а двојките се: Олимпик Лион – Кан, Сент Етијен – Монако и Ница – Олимпик  Марсеј. 
 
Табела: ПСЖ 69 бодови, Монако 45, Ница 39, Сент Етијен 39, Рен 39, Анжи 37, Олимпик Лион 36, Нант 36, Кан 36, Олимпик Марсеј 34, Бордо 33...