Живот
25. October 2015 - 9:52

Антонија го „одра“ жирито на Пинковите ѕвездички

Антонија Гиговска од Скопје ги воодушеви сите во студиото во последната, осма, емисија од музичкото натпреварување Пинкови ѕвездички. 

„Ти благодарам што вака ја завршивме оваа вечер“, и рече водителката Маријана на Антониа, која ја отпеа „Не дам на тебе“ од Јелена Томашевиќ. 

„Одра, секоја чест“, беа зборовите на Хари Варешановиќ, кој сметаше дека ништо подобро не можело да се спакува за крајот на 8. емисијата.

Не помалку комплименти за 14-годишната скопјанка имаше и Леонтина, која пеењето на Антониа го оцени како „посовршено од совршеното„.

Генијална, совршена интерпретација, многу е тешко да се отпее оваа песна, но ти... Твојата и интерпретацијата на Јелена многу се разликуваат, но тоа многу ми се допадна„, рече Гоца Тржан.